Народната банка овозможи бесплатно дигитално добивање извештај од Кредитниот регистар

Bez autora
Mar 07 2024

Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки, велат од НБ.

За таа цел, Народната банка им овозможи на граѓаните бргу и лесно добивање извештај од Кредитниот регистар, преку Националниот портал за услуги www.uslugi.gov.mk. Директна врска за да се извади извештајот за кредитната изложеност е https://uslugi.gov.mk/register.nspx. Како и до сега, кога услугата се добиваше единствено во просториите на Народната банка, таа е бесплатна, известува Народната банка.

За да ја користат оваа услуга, граѓаните ќе треба да се регистрираат на Националниот портал за услуги. Услугата ќе им биде достапна во текот на 24 часа, на македонски или на албански јазик. Извештајот од Кредитниот регистар ги содржи податоците за вкупната кредитна изложеност на граѓанинот заклучно со последниот датум на податоците со кои располага Народната банка.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik